Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Оба, оддалечен 3км од центарот на Аланија и 135км од аеродромот во Анталија. Се наоѓа во прва линија од плажа , кој нуди квалитетно сместување и квалитетна услуга.
Плажа: Хотелот се располага со сопствен дел на плажата, која е преку пат од хотелот. До плажата може да се стигне преку подземен премин. Плажата е мешавина од песок и камчиња. Користењето на чадори за сонце, лежалки и пешкири за плажа е бесплатно.
Сместување: Собите се опремени со бања, фен,ТВ, телефон, мини бар (беспалтно само вода), електричен бокал за подготовка на чај/кафе, сеф (со доплата), балкон, беспалтна WI -FI интернет конекција.
Содржини: Хотелот располага со еден главен ресторан, два “A la carte” ресторани (месксикански и морски – за нивна посета задолжителна е предходна резервација), три бара, бар на плажа, аквапарк со топогани, затворен базен, базен за возрасни, базен за деца, игралиште и мини клуб за деца до 4 години, турска бања и фитнес.
Услуги со доплата: масажи и спа третмани, фризер, билјард, водени спортови, услуга перење/пеглање, собна услуга, увозни пијалоци, свежо цедени сокови.