Локација: Хотелот се наоѓа во областа Махмутлар. Оддалечен е 135км од аеродромот во Анталија и 14км од центарот на Аланија.
Сместување: Хотелот располога со 116 соби, распределени во два блока. Собите се опремени со купатило со туш, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сплит клима систем, сателитска ТВ и балкон.
Услуга: ALL INCLUSIVE (се вклучено) во период од 10:00 до 23:00 часот – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, кафе, чај, локални пијалоци (вино, пиво, вотка, ракија) и безалкохолни пијалоци.
По 23:00 часот дополнително се наплатуваат увозните пијалоци, храна, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, турско кафе, мини бар во соба и услуга во соба.
Плажа: Плажата се наоѓа на 30м од хотелот, преку улица. Постои тунел кој води до плажата. Песочна плажа која располага со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Пешкири на плажа не се нудат.
Содржини: Ресторан со шведска маса, снек бар, бар покрај базенот и лоби бар. WI-FI интернет конекција во хотелот, телефон, факс, интернет кафе, перална, доктор, изнајмување на кола дополнително се наплатува.
Спорт и забава: Хотелот располага со отворен базен за возрасни и деца, одбојка на плажа, пинг понг и фитнес центар.
Дополнителни услуги кои се наплатуваат се сауна, масажа, турска бања, спортови на вода, билјард.