Хотелот се наоѓа во областа Кумкој, оддалечен е 3км од центарот на Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупно 81 соби во 3 поврзани блока.
Двокреветни стандардни соби (една спална соба, еден тоалет). Четворокреветна поврзана соба (две посебни спални соби, еден тоалет).
Услуга: All Inclusive
Содржини: Главен ресторан за отворена шведска маса, бар покрај базен и лоби бар. Доктор, перална, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување кола, шопинг центар се со доплата. WI - FI интернет е со доплата.
Плажа: Хотелот нема сопствена плажа. Гостите користат јавна плажа на 600м од хотелот (има пат помеѓу хотелот и плажата). Лежалки и чадори на плажа се со доплата. Пешкири на базенот се со доплата.
Спорт и забава: Надворешен базен за возрасни деца и лизгалки.
Услуги со доплата: фитнес сала, турска бања, пинг понг, сауна, билијард, масажа, компјутерски игри и спортови на вода.