Опис на хотелот:
Локација:Хотелот е лоциран на околу 30м од главната гондола и на околу 500м од центарот на Банско.
Сместување: Изграден е во 2010 год и располага со 84 соби, студиа и апартмани, на 5 ката, 2 лифта.
Двокреветни соби 46 (2 стандар. + 1 дополн.кревет, макс.3 лица, 30м²)-два стандардни кревети и фотелја на извлекување.
Студио 15 (2 стандард.+ 2 дополн.кревети, макс.4лица, 45м²)- два стандардни кревети и фотелја на извлекување.
Апартман со 1 спална 23 (2 стандард. + 2 дополн.кревети, макс.4 лица, 55м²)-една спална и дневна со софа на извлекување.
ВИП апартман со 1 спална.
Сите соби имаат балкон, централно греење, сателитска ТВ, телефон, мини бар, Wi-Fi, тепих на под. Двокреветните соби и апартманите имаат купатило со туш или када и фен, а студиата имаат купатило со туш кабина и фен. Во секоја соба има и мини кујна која е опремена со рингли за готвење, аспиратор, микровална.
Услуга: Полупансион (појадок и вечера).
Содржини: Рецепција со сеф (се доплаќа), менувачница, услуга во соба (се доплаќа), Wi-Fi во лоби бар (бесплатно), лоби бар, главен ресторант, интернет соба, доктор (на повик). Бесплатно користење на базен со дел за деца, сауна, соба со пареа, Румунска бања, ски гардероба, Wi-Fi во лоби бар, креветче за бебе (на барање), столче за бебе во ресторант, клуб за деца од 04-12 год. со специјална програма, надворешен паркинг. Билијард, масажа, Џакузи, Спа третмани, гаража (со ограничен број на паркинг места) дополнително се наплаќаат. Домашни миленичиња не се дозволени.
Туристичка такса
* Доплата за туристичка такса за престој: 1€ за возрасен и деца 2-12г. на ден (уплата при резервација)